Пожар пепелоса куќа во Англија - четири лица го загубија животот

Во англискиот град Лестер, животот го загубија четири лица откако нивната куќа се запалила. Полицијата пожарот го поврзува со убиството на еден маж, што предходно било извршено во центарот на овој град.

- Сите жртви веќе биле мртви кога спасувачките екипи ги откриле во собите,  изјавуваат од полицијaта.

Соседите кој живеat во близина на опожарената куќа изјавуваат дека во неа живеела една жена и три деца.

Полицијата на Лестер, се уште не го открива идентитетот на жртвите, ниту нивното потекло. Нема сознанија ниту за тоа кој е убиениот во убиството што се поврзува со пожарот, освен што се вели дека станува збор за млад човек на дваесетина години. Не се знае какви се неговите врски со четирите жртви во ноќешниот пожар.

Англискиот град Лестер е еден од местата со висок процент на неанглиско и муслиманско население во Велика Британија.

13.09.2013 - 14:00
Фото: 
Ерепортер

најчитано сега