Поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад на работа оди со автобус

Откако осум години го водеше Иран,Поранешниот ирански претседател, Махмуд Ахмадинеџад,  сега работи како учител и на работа оди со автобус.

На социјалната мрежа Фејсбукбеше објавена фотографија на Ахмадинеџад во автобус на јавниот градски превоз. Под фотографијата е напишано дека осум години од својот мандат како претседател на Иран, Ахмадинеџад не добивал плата од државниот буџет, туку живеел од учителската плата.

Во текот на својот мандат, исто така, не иницирал донесување закон според кој како поранешен претседател би примал многу поголема државничка државна пензија.

Се вратил на наставата, а како што може да се види, оди на работа со автобус.

13.09.2013 - 13:55
Фото: 
Дојче Веле

најчитано сега