Стотици лица евакуирани поради поплавите во Романија

Стотици жители на четири села во источниот романски округ Галати беа евакуирани во изминатата ноќ, во очекување на нови поплави поради поројните дождови што ја зафатија областа.

Само од едно од селата се евакуирани 400 лица.

Премиерот Виктор Понта денеска ќе го посети округот Галати каде голем број села беа погодени од поплавите во средата наспроти четврток, а девет лица загинаа, според последните податоци од локалните власти.

Според податоците од округот Галати од поплавите се погодени 18 села, околу 70 километри окружни и локални патишта и десетици хектари земјоделска земја. Досега се уништени 1.400 куќи и околу 100 дворови и градини.

 

13.09.2013 - 13:30
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега