Хрватите запленија цел арсенал оружје од Србија

Цариниците во Риека заплениле повеќе контејнери со софистицирано вооружување- авионски ракети и ракети земја-земја, а хрватскиот печат тврди дека оружјето потекнува од Србија.

Како што пишуваат весниците „Јутарњи лист“ и „Вечерњи лист“, дојавата за контејнерите наводно ја добиле од разузнавачките служби.

Ракетите во делови, потоа делови за лансери, и цврсто ракетно гориво, се наоѓале во контејнерите со променета царинска декларација.

Весниците додаваат дека, пред се, станува збор за проектили „С-8“, што се наведувани ракети од руско производство. Со ова оружје, се додава, располaгаат многу армии во светот, а компатибилно е со советските типови авиони.

Јутарњи лист“ пишува дека вакво оружје, меѓу другото, во своето вооружување има и Хрватска која за време на војната го купила на црниот пазар и го користела во операциите „Блесок“ и „Бура“. Сепак сеуште не е за сигурно познато чие е оружјето.

Вечерњи лист“ пак пренесува дека пратката се поврзува со српскиот бизнисмен С.Т, сопственик на фирмата „Тенех“, чие име веќе неколку пати до сега се доведуваше во  врска со посредување во меѓународната трговија со оружје и воена опрема.

Откако хрватските цариници го откриле нелегалното оружје, прашувајќи се како Србија „ги пуштила“ контејнерите со илегално оружје преку својата граница, следувала и дојавата од царинската служба на Србија за сомнителните контејнери.

Медиумите наведуваат дека е во прашање илегална пратка поврзана со „добро познато име“ на еден од најголемите приватни трговци со оружје во регионот.

 Бизмисменот С.Т., пишува весникот, наводно е специјалист за трговија со оружје со режимите и земјите под меѓународно ембарго за увоз на оружје, а медиимите шпекулираат дека оваа „пратка“ била наменета за Судан или Абу Даби.

13.09.2013 - 13:26
Фото: 
кајгана

најчитано сега