Изумителот на звучниот систем почина на 80-годишна возраст

Реј Долби, инженерот кој го изуми системот за на намалување на бучавата на аудио снимките и сараунд звукот, и чии изуми се користат во музиката и кинематографијата, почина вчера, на 80 години во својот дом во Сан Франциско.

Долби за својата работа ја освои филмската награда Оскар, награда за особени придонеси во музичката уметност и дискографија, Греми и две телевизиски награди Еми и неговото име стана синоним за домашните звучни системи и кината.

Веќе неколку години тој страдал од Алцхајмерова болест, а во јули му е дијагностицирана и леукемија.

„Иако во срцето беше инжинер, постигнувањата на мојот татко во технологијата се изродија од љубовта кон музиката и уметноста“, изјави синот на Долби, писателот Том Долби.

Тој е роден во Портланд, а пораснал на подрачјето на Сан Франциско.  Пред изумот на својот звучен систем, Реј Долби беше дел од групата на американската фабрика Ampex која во 1956 година произведе прв употреблив видео рекордер.

 Докторирал на британскиот Универзитет Кембриџ. Во Лондон во 1956 година ја основал компанијата „Dolby laboratories“, која од почетокот стана најпозната по работата на намалувањето на бучавата на аудио снимките и сараунд звуците.

13.09.2013 - 12:35

најчитано сега