Фолкерката Сузана Гавазова се откажува од пеењето

Сексапилната фолкерка Сузана Гавазова се реши да се откаже од пеењето и да му се посвети на мајчинството.

Гавазова која неодамна сними три видео записи за три свои нумери, за Вечер вели дека не се повлекува од музиката засекогаш, туку дека се повлекува само периодов бидејќи сака да се посвети повеќе на мајчинството.

- Снимив три спота и тоа за песните Македонка", Умирам по тебе" и Сузе Сузана". Ова ќе биде последното нешто од мене, барем сега-засега. Планирам да се повлечам од музиката, затоа што сакам да се посветам на мајчинството, вели Гавазова за Вечер

Наскоро Сузана освен како мајка ќе ја видиме и во венчаница како невеста.

- Па се мислевме дали да правиме голема свадба или не. Ќе го одбележиме тој ден, дали ќе има две прослави или само една помала ќе видиме, Уште се немаме договорено што и како ќе бидее, вели Сузе за Вечер.

13.09.2013 - 12:22
Фото: 
Сител