Ал Каеда повикува на нов напад врз САД

Лидерот на Ал Каеда Ајман Ал Завахири во видео порака ги повика неговите следбениците на нови напади на САД.

Во пораката тој и прогласи и победа во војните во Ирак, Авганистан и Јемен, а за одличен пример на борба против САД го наведе бомбашкиот напад за време на маратонот во Бостон.

Тој изјави дека тоа ќе биде голем напад, па ако треба ќе се чека и со години. Во исто време ги повика следбениците да продолжат да ја присилуваат Америка на трошење на средства за оружје, за економски да ја исцрпат земјата.

13.09.2013 - 11:04
Фото: 
Евести