Трагедија ја потресе Битола - мајка почина на погребот на нејзиниот син

Кога сега покојниот Кире Гроздановски (48) одлучил да се бори за својот живот и заминал на операција на туморот на главата на скопските Клиники, неговата 79 годишна мајка, Живка го испратила со надеж дека ќе ја преживее операцијата и ќе почне да живее нов живот, пренесува весникот Нова Македонија. За жал, и покрај молитвите на неговите најблиски, Кире не успеал да ја преживее операцијата и починал во Скопје. Неговата мајка била скршена од страшните вести и едвај останала на нозе. Таа не можела да прифати дека нејзиниот син, татко на две деца, веќе го нема.

Следниот ден, кога Кире требало да биде погребен на Светонеделските гробишта, жената едвај дошла до капелата, пренесува весникот. ВО еден момент, додека гледала вкочането во телото на нејзиниот син, жената се струполила на земја. Нејзините најблиски, меѓу кои и искусна лекарка од Клиничката болница почнале да ја освестуваат, но, жената не давала знаци на живот. Во капелата настанал хаос.

Неколку минути подоцна пристигнала брзата помош и Живка била пренесена во битолската Клиничка болница. За жал, таму била констатирана смрт.

Наредниот ден, покрај гробот на 48 годишниот Кире на Светонеделските гробишта, била погребана и неговата мајка Живка. 

 

13.09.2013 - 10:42
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега