Три трикови за црвеното месо веќе никогаш да не ви испадне тврдо и жилаво
Колку пати ви се случило да купите месо, но кога ќе го зготвите да биде тврдо и суво? Ние ви нудиме 3 едноставни решенија за тоа да не се повтори:
1. Оовошје - јаболкото, ананасот и крушката се вашите сојузници во кујната, скарата и приготувањето на црвеното месо. Сѐ што треба да направите е да излупите овошје и да го наредите врз местото додека се пече или пржи. Оовошната киселина ќе го омекне месото и го направи повкусно.
2. Јаболков оцет - иако постојат различни маринади за месо, оваа ќе влијае на вкусот на месото, но и ќе го направи помеко. Во здела измешајте исецкан лук и јаболко и додадете маслиново масло и лажица јаболков оцет. Местото намачкајте го со маринадата и ставете го во фрижидер да преноќи, а утредента пригответе го.
3. Лимон - ако сакате да бидете сигурни дека месото ќе испадне меко и вкусно, намачкајте го со лимонов сок. За разлика од маринадата со јаболков оцет, ова не мора да преноќи на месото, бидејќи побрзо делува и месото ќе биде спремно за готвење веќе по 30 минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа