Најголемиот ривал на Меркел мета на критики поради непристоен гест

Главниот ривал на Ангела Меркел за функцијата канцелар на Германија, социјалдемократот Пеер Штајнбрук е предмет на критики поради објавена фотографија на која прави експлицитен гест.

За неделникот на весникот „Зидојче цајтунг“ тој имал интервју без зборови во кое одговарал на прашања гестикулирајќи пред камера.

Штајнбрук на Твитер напиша дека за се  зборува јасно, секогаш ти требаат зборови, особено кога те прашуваат за банални нешта, наместо за вистински важните прашања.  

 Заменикот канцелар Филип Рослер изјави дека гестот од фотографијата не прилега на кандидат за канцелар.

13.09.2013 - 09:42

најчитано сега