Турската полиција со водени топови и солзавец против демонстрантите

 

Турската полиција повторно интервенираше во Истанбул за растурање на илјадниците лица, кои протестираа поради смртта на 22-годишен демонстрант во понеделникот.

Дојде до инциденти меѓу безбедносните сили и меѓу 2.000 и 3.000 лица во квартот Кадикој, што се смета за упориште на опозицијата, при што полицијата употреби солзавец, водени топови и гумени куршуми, со цел да спречи демонстрантите да се приближат до локалната канцеларија на владеачката Партија на правдата и развојот.

Според турските медиуми инциденти имало и во главниот град Анкара и јужниот град Антакија, каде во понеделникот вечерта 22-годишниот Ахмет Атакан почина по судири со полицијата. Неговото семејство тврди дека тој е убиен од муниција истрелана од полицијата. Министерот за внатрешни работи Муамер Ѓулер ги отфрли обвиненијата.

13.09.2013 - 09:07
Фото: 
А1.он

најчитано сега