Во неа има се: 13 годишно момче изградило совршена куќа за само 1300 евра

Тринаесетгодишниот Лук Тил од САД е навистина посебен. Тој сакал да има простор само за себе па почнал да гради куќа за себе.

Па така во дворот од куќата на неговите родители изградил куќа за 1300 евра.

Куќата има околу 8 метри квадратни и просторот е буквално целосно искористен на паметен начин за едно 13 годишно момче да има се што му  е потребно.

Неговото тинејџерско катче го краси мала дневна соба со телевизор и спална соба со поткровје.

Во својата мала, слатка куќичка Лук најчесто пишува домашни задачи, а неколку пати неделно и спие во неа. Неговата куќа е нешто на што би можеле да позавидат многу тинејџери.

Во продолжение може да погледнете како изгледа неговата куќа:

 

 

 

08.05.2018 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега