Јорданов: Картелот кој што е на власт се изживува со македонската полиција

Македонската полиција и Република Македонија вчера уште еднаш беа срамно понижени, реагира Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и раководните лица на СДС, вчера, по повод денот на полицијата, уште еднаш бесрамно ги понижија припадниците на безбедносните сили. Зоран Заев денес наместо да им се извини на полициските службеници за сите злодела што ги има направено против нив, тој реши во стилот на големите режимски диктатори пред неговите очи да се изведува нарачана полициска парада. Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, градоначалникот на општина Штип и останатите од врвот на СДС пред само неколку години организираа насилни протести. Истите овие полициски службеници кои денес се принудени да парадираат пред нив, тогаш од страна на хулиганите организирани од Заев и останатите беа каменувани, им фрлаа запалени контејнери, ги гаѓаа со бехатон плочки, ги тепаа со шипки и слично, рече тој.

Јорданов посочи дека откако СДСМ дојде на власт на улиците се вратија криминалците, разбојниците, наркоманите и силеџиите.

-Криминалот, убиствата, рекетот, уцените и заканите станаа секојдневие за граѓаните. Поради партиските директиви издадени од раковидните лица на СДС професионалците во МВР се спречени да си ги извршуваат своите задолженија. Зоран Заев вчера наместо нарачана парада требаше да им каже на граѓаните дека елитните специјални единици во МВР јадат сув леб и мармалад. Дека на поголем број од припадници на МВР не им се исплатени парите за прекувремена работа, а условите во кои работат се сведуваат на мизерија. Картелот кој што е на власт се изживува со македонската полиција. Припадниците на МВР на коишто секојдневно им е загрозен животот, наместо да бидат достоинствени чувари на своите граѓани под партиските директиви добиени од челниците на СДС се претвораат во понижни служители. Овој деградирачки однос кон припадниците на македонската полиција мора да престане. Полициските службеници заслужуваат подобар третман. Државата не смее да ги понижува оние кои деноноќно го чуваат јавниот ред и мир. Граѓаните заслужуваат сигурна безбедност а тоа оваа владеачка гарнитура не може да го обезбеди. Колку побрзо оваа неспособна власт си замине, толку побрзо ќе се врати достоинството за македонската полиција, посочи Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

 

 

 

07.05.2018 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега