Николоски: Тие по нас со сила, уцени, политички терор и притисоци, ние враќаме со масовност и храброст

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва оствари средба со граѓани во општина Гази Баба.

-Тие по нас со сила, уцени, политички терор и притисоци, ние враќаме со масовност и храброст! Никој не може против народот! Ќе победиме во оваа битка зашто е праведна и е за Македонија, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Атмосферата ја оцени како одлична.

-Преполна сала и многу енергија!, напиша тој.

 

 

 

03.05.2018 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа