СДСМ: Мицкоски објави целосна невистина, измислува непостоечки случаи и лажни вести

Мицкоски е во безидејност и во агонија па измислува непостоечки случаи и лажни вести, соопштија од СДСМ.

„Случајот за коjшто зборуваше денеска Мицкоски е целосно измислен, и нема никаква врска со реалноста.Ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, за коишто денеска лажно наведуваше Мицковски. Во име на вистината, ги повикуваме сите надлежни институции и невладини организации коишто се бават со антикорупција да се заинтересираат за измислениот случај на Мицкоски и за тоа да ја информираат јавноста, наведооа во своето соопштение СДСМ.

Личните фрустрации на Мицковски од позитивната, транспарентна и законска работа на Владата предводена од СДСМ и нејзините одлични резултати за краток период, наспроти криминалното вледеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ дојдоа до израз.

„Впрочем, самиот Мицковски се уште не одговорил на јавноста за договорите од 10.5 милиони евра склучени во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ. ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал, корупција, неместени тендери.Затоа ВМРО-ДПМНЕ треба прво да си расчити со криминалот во своите редови а не да измислува таму каде што не постои„ велат од таму

 

 

 

30.04.2018 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега