Груевски: Откако Заев вети дека ќе изгради 600 километри автопат, имаме застој на трите автопати кои се градеа

Ќе остане „во легендите“ онаа „славна“ изјава на Заев за ТВ 21 некаде во мај – јуни 2017-та, дека во неговиот 4 годишен мандат ќе се изградат 600 км автопати и со тоа, како што рече тој: „ќе ја заокружиме Македонија со автопат“. Оттогаш до денес, имавме една година застој на трите автопати од кои едниот во мај 2017-та беше завршен (Демир Капија – Смоквица, 29 км), вториот во мај 2017та беше 70 осто завршен (Скопје – Штип) и третиот во тој период беше 50 осто завршен (Кичево – Охрид), пишува Груевски на Фејсбук.

Статусот на Никола Груевски ви го пренесуваме во целост:

Економското цунами кое дојде со доаѓањето на новата власт предводена од СДСМ е присутно и во градбата на инфраструктура и капитални проекти.

Фијаското во тој дел, кое беше лесно да се предвиди уште пред една година е резултат делумно заради неспособноста на лицата на високи функции, делумно заради незаинтересираноста нешто да создадат и изградат, но и делумно заради свесното пролонгирање на проектите со цел да се прикаже дека нивната подготовка и градба е целосно од СДСМ, односно граѓаните да заборават дека ВМРО-ДПМНЕ ги осмислил, подготвил, обезбедил финансиски средства, ги проектирале и дел од нив делумно се изградиле. Ќе остане „во легендите“ онаа „славна“ изјава на Заев за ТВ 21 некаде во мај – јуни 2017-та, дека во неговиот 4 годишен мандат ќе се изградат 600 км автопати и со тоа, како што рече тој: „ќе ја заокружиме Македонија со автопат“. Оттогаш до денес, имавме една година застој на трите автопати од кои едниот во мај 2017-та беше завршен (Демир Капија – Смоквица, 29 км), вториот во мај 2017та беше 70 осто завршен (Скопје – Штип) и третиот во тој период беше 50 осто завршен (Кичево – Охрид).

Покрај овие, во подготовка или во градба беа и 5 експресни патишта, со 4 коловозни ленти и со останати карактеристики како за автопат (дозволен степен на кривини, дозволен степен на угорници и удолници) и слично, по европски стандарди.

Тие 5 експресни патишта, со доаѓањето на СДСМ на власт, имаат слична судбина како и трите автопати.

Експресниот пат Градско – Прилеп беше во полн ек на градба. Обезбеден кредит, склучен договор, градба во тек. Само што дојде новата власт почнаа да смислуваат причини за да ја забават градбата и да создадат перцепција, како и за се друго дека „ништо не е по закон“, „се е нестручно, и ништо не чини“. А демек новиов министер е експерт и ќе ја оправи работата. А новиот министер „труба“. Во животот не работел ваква работа. Само знае гласно да збори, да се надвикува кога е во емисија, со што се обидува да го прикрие незнаењето и неспособноста.

Сепак, овој експресен пат, некако најдобро помина, односно со најмалку закочувања, од едноставна причина, што по неколку месеци „млатење празна слама,, на новиот министер – прилепчанец, што би рекле во Прилеп „му светна сијалицата“ дека ќе му помине мандатот и патот нема да се изгради, а тој пак ќе треба за Скопје да патува по стариот, небезбеден и мошне тежок пат за возење. Па малку и од лични – егоистички причини, „си го подви опашот“ и дозволи градбата да продолжи.

Експресниот пат, Штип – Кочани, 26 км, беше почнат со градба некаде во 2016-тата. Со доаѓањето на новата власт запре. Ќе продолжи кога граѓаните ќе заборават дека ВМРО-ДПМНЕ го осмисли, проектира, обезбеди кредит и делумно изгради. Да не го запреа, 75 осто досега ќе беше изграден, а до крај на оваа година ќе се пуштеше во употреба.

Експресниот пат Штип- Радовиш беше речиси спремен за градба. Проектиран, обезбеден кредит, завршен тендер за градба. Да не се сакаше да се закочи, градбата нормално можеше да почне во јули – август 2017-та и сега би бил до пола завршен. По една година на власт на СДСМ, дури неодамна Заев кажа дека брзо ќе почнела градбата. А кога Заев ќе каже „брзо“ тоа не се знае кога ќе биде. Но дури навистина да почне брзо, се поставува прашањето: а зошто се изгуби една година?

Сепак, фактот што ова е и пат кој ја поврзува Струмица со Скопје, дава мала надеж, дека после една година застој, можеби ќе се деблокира.

 

 

 

 

29.04.2018 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа