СДСМ: Нема амнестија за 27 април, сите кои биле дел од насилството мора да понесат одговорност

27 април е најтрагичниот датум во историјата на Македонија, ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието, кога беше нападнат уставниот поредок и разнишани темелите на демократијата, се вели во реакција на СДСМ.

„Амнестија не е предвидена за тешки кривични дела и дела против државата и затоа сите оние кои биле дел од крвавиот четврток низ судска постапка мора да се соочат со одговорноста за нивната улога во насилствата од 27 април.Република Македонија е правна држава и сите оние кои биле извршители, нарачатели или помагачи на немилиот настан, мора да одговараат низ судска постапка“, се вели во соопштението.

 

 

 

29.04.2018 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега