Ќе има ли оваа година геј-парада во Србија?

Одговорните српски институции се уште немаат одговор на прашањето дали и оваа година ќе има геј парада во Белград.

Министерството за внатрешни работи на Србија дури следната недела ќе почне да прави безбедносни проценки за спроведување на парадата, пишува белградскиот весник „Данас“.

Горан Милетиќ, еден од организаторите на „Парада на гордоста“, изјави дека вчерашната средба на организаторите на претстојниот „Прајд“ со претставници на полицијата, не дала одговор на прашањето дали ќе има парада или не, пишува весникот.

Инаку, парадата е предвидено да се одржи на 28 септември.

11.09.2013 - 12:25
Фото: 
Sitel

најчитано сега