Детоксикација на организмот: Напиток кој го чисти црниот дроб, а се пие токму на пролет
Искористете ја пролетта за да го наполните организмот со витамини и минерали, а и да го исчистите од отрови и да го подготвите за летото.
Пролетта е време на будење, обновување и развој. Ритамот на нашето тело е поврзано со ритамот на природата.
Иако ѓумбирот е нашироко познат по својот зачински вкус, тој се користи како медицински лек повеќе од 2000 години. Помага при стомачни тегоби, гадење, повраќање и дијареа. Свежиот ѓумбир може да се користи за лекување на главоболка, артритис и други болести.
За да направите утринско чистење на организмот, доволно се околу 50 грама свеж ѓумбир. Многумина имаат проблем при неговото лупење, зошто лушпата е многу тенка. Најдобро и најпрецизно се лупи со помош на лажичка: нежно истругајте ја лушпата и таа лесно ќе се отстрани.
Ние ви претставуваме напиток кој е толку моќен што може да ја промени циркулацијата на крвта, да го зајакне имунолошкиот систем, да го исчисто црниот дроб и да го намали влијанието на слободните радикали.
Состав:
8 чешниња лук
8 лажици лимон
корен од ѓумбир
4 литри вода
Подготовка:
Ѓумбирот и лукот се сечкаат и со 8 лажици цеден лимон се блендираат.
Ставете 4 литри вода во лонец да проврие, потоа ставете ја содржината од блендерот.
Кога водата ќе зоврие, лонецот се трга и се остава да се излади, а потоа сокот прецедете го во стаклени шишиња.
Овој напиток се пие секојдневно, два часа пред оброк.
Резултатите ќе ги почуствувате набрзо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа