Попова: Шилегов за пет месеци не започна и не дозаврши ниту еден капитален проект

Градоначалникот Петре Шилегов за 5 месеци не започна и не дозаврши ниту еден капитален проект за Градот Скопје, истакна Ирена Попова, на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Градоначалникот Петре Шилегов треба да даде одговори за неколку клучни теми и прашања:

Ветуваше пред изборите еколошки чист град, а Скопје никогаш не бил позагаден и нечист.

Ветуваше решавање на проблемот со кучиња скитници, а наместо тоа медиумите секој ден се преполни од случаи каде кучиња нападнале граѓани, и случаи со изживување и нехуман третман на животни.

Ветуваше зголемена безбедност по сообраќајниците, а секојдневно граѓаните со своите животи го плаќаат хаосот по улиците. Последен таков тежок инцидент беше сообраќајката со тешки телесни повреди на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров.

Ветуваше живот за сите и општество за сите, а воведе прескап паркинг достапен само за богатите.

Скопје во овие 5 месеци има градоначалник кој е туристички патник. Повеќе од два месеци е на патувања во странство, а бенефитот од тие патувања сеуште го нема, рече Попова и додаде:

„Згора на се градоначалникот се фали со склучен меморандум за соработка за користење на автобус на гас и автобус на електричен погон. Проучувајќи ги техничките карактеристики градоначалникот открива афера. Самото тоа отвора сомнеж дека однапред се преудицира и знае добитникот на милионскиот тендер. Бидејќи сега совет за јавни набавки нема, познат е рецептот. Договор во 4 очи секогаш е опција. Додека бизнисите и провизиите врват Скопје станува полигон за тестирање. Го нема и Луна паркот чија градба доколку не ја запреше ќе беше готов во јуни. 4 милиони евра кој ги вложи градот, Шилегов одлучи да му припаднат на јавен приватен партнер кој сеуште го бара“.

Додека ова се случува, потенцира таа, младите во Скопје остануваат без просторот за летните дискотеки.

-Хаос, неработа и сомнителни бизниси е на кратко описот на работа на градоначалникот Шилегов. Тој мора да одговори за овие дилеми, бидејќи градот Скопје тоне во неспособноста на градоначалникот во менаџирањето на проблемите и барањата на скопјани.

 

 

 

23.04.2018 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега