ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ и ДУИ не ги интересира секојдневното осиромашување на граѓаните

Пратениците на СДСМ и ДУИ успеаја да ги спасат Зоран Заев и врхушката околу него и со кревање на рака им овозможија да ја злоупотребуваат власта и понатаму. Пратениците на СДСМ и ДУИ не ги интересираат маките на граѓаните и секојдневното осиромашување. Тие не го послушаа гласот на граѓаните и се ставија во функција на Заев и неспособната влада овозможувајќи им и натаму коруптивно богатење, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека економското цунами во Република Македонија продолжува.

-Република Македонија тоне во долгови а тоа СДСМ го крие од граѓаните. Министерството за финансии манипулира со бројките. Кај нив државниот долг сеуште стои на 38.7% наместо реалните 40.7% За 200 милиони евра граѓаните во Република Македонија се позадолжени во 2017 година споредено од тоа што биле во 2016 година. Уште еден поразителен факт пристигна од Светската Банка. Наместо предвидениот раст на македонската економија за 2018 година од 3,2% тој сега е намален на 2.3% или 100 милиони евра помалку пари за граѓаните на Република Македонија споредбено со  2017 година, стои во соопштението.

Просечниот очекуван раст, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2017 до 2020 година е катастрофален и е директна последица на ова економско цунами.

-Тој ќе изнесува околу 2 % што е многу далеку од 5% што беа ветувани за  време на кампањата од предвремените парламентарни избори во 2016 година. Опстојувањето  на оваа  влада предводена од СДСМ и Зоран Заев не е резултат на реалното расположение на граѓаните туку е резултат на бројка во парламентот и непринципелни коалиции. Оваа катастрофална економска политика на владата предводена од СДСМ мора да престане. Граѓаните стануваат посиромашни, стандардот станува се покатастрофален, а ветениот живот никако да стигне, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека оваа влада мора да си замине и конечно да дојде нова надеж за Република Македонија.

 

 

 

13.04.2018 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега