Данев очекува утре да падне Владата на Заев

Пратениците пред утрешното гласање за доверба на владата на Заев да се водат од интересите на државата и на граѓаните, а не од партиските интереси, повика координаторотот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев по повод поднесената интерпелација од опозициската партија. Барањето е поднесено од 41 пратеник ПА  шансите интерпелацијата да помине на полноќното гласање се многу мали. Сепак, Данев е оптимист.

Тој вели дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ подготовени се со факти да го докажат катастрофалното 10 месечно владеење на СДСМ.

Пратеничката група на СДСМ пак, извесно е дека ќе ги брани политиките на својата Влада.

Народните избраници на СДСМ ќе потсетуваат на како што рече Тунтетев, 10 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое ја довело државата до ова дереџе, наспроти 10 месечно успешно владеење на СДСМ и ДУИ за да ублажат погубните политики од претходно.

Крилото на Гаши од БЕСА иако се уште е опозиција, нема да ја поддржи интерпелацијата. Нивнотот гласање против немало врска со договорите з анивен влез во Владата.

Утрешната седница ќе почне со 30 минутно образложение на барањето за недоверба на Владата од Данев. На два пратеник од опозцијата, ќе говори еден пратеник од власта. Пред гласањето, право на говор има и Заев.

Со барањето за недоверба на Владата ВМРО-ДПМНЕ го прекинува 4 месечниот бојкот. Во четврток се очекува поддршката на опозциската партија за законите за судови, за судскиот совет, за заштита на сведоците и за новата агнеција за следење на комуникациите ОТА. 

Законите беа усогласувани во рамките на работните групи меѓу власта и опозицијата, а се клучни и за Извештајот на Европската комисија на 17 април.

 

 

 

10.04.2018 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега