ФОТО: Се омажи водителката Здравкица Билбиловска

Водителката на радио "Метрополис" Здравкица Билбиловска, од неодамна Милиќ, вечерта во саботата направи свадба во Скопје, пренесува весникот Вечер. Според весникот, таа приредила голема забава затоа што наредниот месец се сели во Белград.

-Иако е при крај на седмиот месец од бременоста цела вечер не седна, а за добрата журка беа задолжени Џони и фолкерката Ирена Спасовска. Невестата беше толку расположена што дури се фати за микрофонот и запеа. Здравкица и нејзиниот избраник Воислав пред извесно време се венчаа во Матично и прославија со ручек за најблиските на младоженецот во Србија, објавува Вечер.

-Носам девојче и сакам ќерка ми да се вика Маша, на почетокот на следниот месец се селам во Белград каде ќе се породам и извесно време ќе бидам максимално посветена на семејството, вели Здравкица, пренесува весникот.

10.09.2013 - 10:02
Фото: 
Вечер

најчитано сега