Џафери ги одложи двете собраниски седници кои беа закажани за денеска

Собранието ги одложи продолженијата на двете седници кои денеска беа ставени на дневен ред.

„Ве известуваме дека Дваесет и втората, Триесет и четвртата и Триесет и петтата седница на Собранието на Република Македонија наместо на
10 април 2018 година, ќе продолжат на 12 април 2018 година во 11.00 часот.“ – стои во соопштението од прес центарот на Собранието.

Одложувањето се должи на договорот меѓу власта и опозицијата за реформските закони. Имено, опозицијата најави враќање во Собранието утре, на денот кога ќе се разгледува нејзиното барање за гласање на доверба на Владата, а власта планира овој пакет закони да го донесе со полни собраниски клупи. За дел од законските решенија потребно е и двотретинско мнозинство што значи неопходно е присуството на опозициските пратеници.

 

 

 

 

10.04.2018 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега