Стаменковска: Време е пратениците да го кренат гласот поради неработењето на Владата на СДСМ

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска во гостувањето во дневникот на Телевизија 24 истакна дека е време пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранието и од собраниската говорница да го кренат гласот против неработењето на Владата на СДСМ и Зоран Заев. Нивната прва задача ќе биде токму гласањето на недоверба на владата на СДСМ и ДУИ.

Според Стаменковска во изминативе месеци владеење на СДСМ нема никакво поместување во позитива во било која сфера од работењето на министрите на СДСМ, а од помпезно најавуваниот план наречен 3/6/9 има реализирано само 41 процент, план кој требаше целосно да биде реализирани пред еден месец односно за 9 месеци.

Таа вели дека во овие 10 месеци, граѓаните виделе се само не владеење на правото и правната држава, а Законите и Уставот секојдневно биле кршени. Со апсењето на пратениците на кои сеуште не им беше одземен пратеничкиот имунитет уште еднаш ги прекршија Уставот и Законите, а токму на оваа реагираа меѓународниот правобранител и  меѓународната заедница додаде таа.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го спомена и законот за државни службеници донесен за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кој е целосно усогласен со европската законска регулатива. Според Стаменковска СДСМ секојдневно крши членови од овој закон со цел спроведување на партизација на институциите и со цел вработување на партиски кадри на СДСМ и членови на Шарената револуција. Токму народниот правобранител во својот годишен извештај за 2017 година напоменал дека новата влада вработува нетранспарентно партиски кадри.

 

 

 

09.04.2018 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа