Париз: Украден накит вреден еден милион евра

Засега непознати лица од една златарница во центарот на Париз денеска украдо накит и скапоцени часовници во вредност од еден милион евра.

Како што јави допсинкот на МИА од Париз, крадците со џип упаднале во златарницата, по што побегнале со друг автомобил.

Полицијата соопшти дека во грабежот учествувале четири маскирани лица, кои со џип успеале да ја пробијат и искршат металната ограда на златарницата. Целиот грабеж го завршиле за два до три минути по што побегнале

Според првите проценки, штетата надминува еден милион евра.

 

09.09.2013 - 15:36
Фото: 
Журнал.мк