Рекорд: Македонското Собрание без опозиција денеска гласаше по 1 закон на секои 2 минути

ВМРО-ДПМНЕ се уште ја подготвува интерпелацијата за Зоран Заев откако во неделата партиските органи донесоа одлука да се прекине 4 месечниот бојкот, со тоа што прва точка на која ќе учествуваат пратениците да биде гласање за недоверба на Владата.

Координаторот на пратеничката група Драган Данев не сакаше да прецизира кога би го поднеле ваквото барање, но потврди дека ќе ги почитуваат деловничките правила и би дошле на седницата независно кога таа ќе биде закажана, а имајќи ги пред вид и Велигденските празници. Според Деловникот, барањето за доверба на Владата се разгледува во рок од три дена од кога е поднесено.

Рокот кога би била поднесена интерпелацијата за кабинетот на Заев се врзува и со реформските закони од правосудството.  Тие треба да поминат во Собрание до 13 април за да може да бидат нотирани во Извештајот на Европската комисија на 17 април. Но, за да бидат изгласани неопходна е поддршката и од ВМРО-ДПМНЕ. Џафери веќе најави дека ги планира овие точки на дневен ред за наредната недела.

Проценките се дека првиот работен ден народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ ќе го имаат во вторник или среда, веднаш по Велигденските празници.

Додека столчињата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во собраниската сала останаа празни, владејачкото мнозинство денеска го имаше најактивниот ден. Закажани беа четири седници со околу 100-тина закони. Меѓу нив е и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за јавен обвинител од редот на опозцијата. Најголем број од законите се усогласување со законо за државни службеници каде се бришат сертификатите за англиски јазик и психолошкиот тест. Тука се и законите за реализација на автопатите Миладиновци - Штип и  Кичево-Охрид, како и ввоедувањето на т.н. зелена нафта.

Без дебата и најчесто во прво читање народните избраници за час и половина успејаа да го притиснат копчето „за“ 40 пати или скоро по еднаш на секои две минути

 

 

 

03.04.2018 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега