Ужас: Усмртиле делфини со дрога за време на забава

Ужасен настан го потресе светот. На техно забава во зоолошка градина во еден швајцарски град непознати лица им дале дрога на делфините кои за жал набргу умреле.

Еден од двата делфина бил пронајден мртов веднаш по забавата, додека вториот делфин умрел по неколку денови. Сликата била страшна. Делфините се мачеле, се треселе и им излегувала пена од устата.

Најпрво се претпоставувало дека делфините умреле поради гласната техно музика, но испитувањата ја откриле вистинската причина за нивната смрт.

 

06.09.2013 - 11:27

најчитано сега