„Газпром“ ќе биде главен снабдувач со плин на европскиот пазар до 2017 година

Руските медиуми тврдат дека „Газпром“ ќе остане главен снабдувач со плин на европскиот пазар до 2017-1018 година и се очекува значително да ги ревидира цените по долгорочните договори со европските купувачи.

Шефот на одделот за развој на нафтено-плинскиот комплекс на Русија и Институтот за енергетски истражувања РАН, Татјана Митрова изјави дека на овој начин „Газпром“ ќе владее со енергетските пазари во Европа до 2017 година.

Големиот пад на производството на јаглеводород во земјите од Европа создава огромна потреба за увоз, додека значајно е намалено и производството на плин во континенталниот појас на Велика Британија.

Исто така, во Европа се до 2017-2018 година нема да има други извори на плин и само Русија може да ја зголеми испораката на Европјаните.

06.09.2013 - 11:22

најчитано сега