Питачел и бил агресивен кон сите: Немал ни за леб, а кога му ги претресле џебовите имале што да видат

Полицијата во шведскиот град Упсала имала што да види кога во понеделник пристигнала на интервенција поради неименуван маж кој просел за автобуски билет, а притоа на минувачите им бил агресивен.

Во џебовите имал 600.000 евра.

Мажот од тогаш е тема на денот во Шведска, а тамошните медиуми пренесуваат информации дека се уште е во притвор.

Имено, обвинителот Ане Сјублом потврдила дека ќе се обиде да докаже дека се работи за нелегално стекнат имот, но и признала дека на мажот целиот износ ќе му биде вратен доколку нема докази дека починил било каков злочин.

Неговиот идентите во меѓувреме не е објавена, меѓутоа медиумите располагаат со неофицијална информација дека се работи за жител на Шведска.

Исто така наведуваат дека досега не е евидентиран поради просење т.е. истакнуваат дека засега само може да се претпоставува зошто просел за автобуски билет.

 

 

 

21.02.2018 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега