Медицински сестри седат дома а здравствените установи во Македонија немаат персонал

Медицински сестри седат дома а здравствени установи имаат сериозен проблем поради недостиг на средно медицински персонал. Некои директори беа принудени дури времено да затвораат и болнички оддели. Според податоците од

Агенцијата за вработување, за профилот медицинска сестра како невработени се водат над 1000 лица. Дури 253 од нив се медицински сестри, 743  медицински техничари и околу 130 акушерки, јавува Сител.

Медицинска сестра -253

Детска сестра негователка – 5

Медицинска сестра педагошка -34

Медицинска сестра бабица-130

Медицинска сестра(медицински техничар) -743

- За да не дојде до затворање на оддели, од Градската болница 8-ми септември бараат вработување на дополнителни 60 медицински сестри, покрај 60-те кои стапија во работен однос пред новогодишните рпазници. Барање до министерството за вработување на 20 медицински сестри има и Здравствен дом Скопје.

Покрај средно медицински персонал, постои барање и за доктори. Во ГОБ 8-ми септември нема нефролошко одделение бидејќи им е потребно вработување на најмалку двајца специјалисти од оваа област.

- Според доставените барања  од јавните здравствени установи, најголема потреба има од медицински сестри и сестри за нега, а дел се барања и за готови специјалисти и доктори на специјализација за кои е потребно неколку години за да се заврши специјализацијата, стои во писмениот одговор од МЗ.

Во Агенцијата за вработување како невработени се водат 35 лекари кои се уште не завршиле со специјализација.

 

 

 

 

 

12.02.2018 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега