Основците ќе го сефтосаат новото игралиште во Ѓорче Петров

По повод Денот на независноста на Република Македонија 8 Септември во основните училишта од општината Ѓорче Петров ќе се организира турнир во мал фудбал-футсал и кошарка.

Како што информираат од Општината, натпреварите ќе започнат на четврти септемви и ќе траат до шести. Сите натпревари ќе се играат на новоотвореното повеќенаменско игралиште во урбаната заедница „ Ѓорче Петров“ кое свечено беше пуштено во употреба на 1 септември. Во рамките на турнирот ќе се одиграат шест натпревари помеѓу училиштата а во финалето ќе играат двете најдобри екипи во мал фудбал и кошарка. Со реализирањето на овој турнир и други планирани културни настани и општината Ѓорче Петров активно ќе се вклучи во прославата на празникот.

 

 

04.09.2013 - 10:14

најчитано сега