Снег низ Македонија - на овие места вее во моментов
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Дебар, Крушево, Кичево, Македонски Брод, Штип, Павлешенци, Делчево, Смојмирово и планинскиот превој Ѓавато.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патниот правец с.Шипковица – Попова Шапка.
Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.
11.02.2018 - 13:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа