Венецуела потона во мрак

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја оквалификува хаваријата од која без струја беа 12 венецуелски држави како „преврат насочен против народот“ во изјава за локалната телевизија.

Мадуро во изјавата ги обвини фашистички десничарски групи „под контрола на северот“ кои водат војна против Венецуела и сакаат да предизвикаат уништување на економијата.

Инаку, без електрична енергија се 12 од 24 венецуелски држави. Хаваријата се случи околу еден часот попладне по локално време.

 

04.09.2013 - 09:18

најчитано сега