Киднаперот од Охајо се обеси во затворската ќелија

Ариел Кастро, кој на 1 август беше осуден на доживотен затвор за киднапирањето на три жени и нивно држење во заробеништво во својот дом речиси една деценија, се самоубил, соопштија затворските власти во американската сојузна држава Охајо.

Кастро (53) е пронајден вчера обесен во неговата ќелија.

Трите жени исчезнаа одделно во периодот меѓу 2002 и 2004 година, кога биле на возраст од 14, 16 и 20 години. На 6 мај една од нив успеа да ја скрши една од вратите во домот на Кастро во Кливленд и да побара помош од соседите. Ариел Кастро беше уапсен истата вечер.

04.09.2013 - 08:49