Нимиц ги слушна и Скопје и Атина: Време е за решение на името

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, откако беше во Атина и ја слушна нивната страна, па сега ја слушна и Македонија, смета дека сега е вистински момент за решавање на прашањето за името.

 Доаѓам од Атина каде што ги слушнав нивните мислења за прашањето за името, а денеска имав средби и со претседателот Иванов, премиерот Заев и со министерот за надворешни работи Димитров, чии со чии гледишта се запознав. Не сакам да ги потценам прашањата, ниту мислењата. Но, сега е вистинско време за решавање на спорот и движење напред на двете држави во пријателство и меѓусебна соработка, истакна денеска Нимиц на прес конференција.

 

 

 

01.02.2018 - 13:32
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега