ФОТО: Вељановски се сретна со министерот Бумчи
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, ги истакна пријателските односи меѓу двете држави и заемната поддршка на билатерален и мултилатерален план, на денешната средба со министерот за надворешни работи на Албанија, Алдо Бумчи.
Во однос на етничките односи Република Македонија дава голем придонес со спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, беше изразено задоволство за враќање на топонимите во населените места каде што живеат Mакедонци во Република Албанија. Во таа насока двете држави покажуваат зрелост во меѓусоседската соработка.
Министерот за надворешни работи на Република Албанија, Алдо Бумчи, се заблагодари на денешната средба, потенцирајќи го искрениот пријателски однос меѓу двете држави, и повтори дека Република Албанија го почитува суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.