Фото: Никој не верува дека има три деца: Македонската фолкерка прослави 10 годишнина од брак

Фолк-пејачката Елена Велевска по 23 години настапување за Нова година, овој пат реши 2018 да ја прослави во кругот на семејството. Пред само неколку дена таа со сопругот Маријан ја прославија десетгодишнината од бракот и по тој повод заедно со децата планираат да заминат на патување низ Европа- изјавила таа за Репортер.

„Изминатава година, како и претходните години речиси немав слободен ден, концертни настапи во и надвор од Македонија, турнеи, телевизиски гостувањава, и во Бугарија, хуманитарни концерти. Ова е само дел од тоа што ми се случуваше изминатава година. Колку и да се трудев, семејството трпеше и баш поради тоа решив да не прифатам ниту еден ангажман за новогодишната ноќ и максимално да се посветам на семејството“, вели Велевска.

Таа раскажа дека пред само неколку дена со Маријан прославила десетгодишнина од брак и решила да го изненади семејството, сопругот и трите деца со патување низ Европа.

 

 

 

 

29.12.2017 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега