Што да направите ако мобилниот ви падне во вода

Постојат водоотпорни мобилни телефони, и секој од нив има ознака, но ако вашиот мобилен не е водоотпорен а ви падне во вода еве што треба да направите:

Ако телефонот ви паднал во вода најважно е прво да го извадите, секоја секунда го зголемува ризикот за поголеми оштетувања. Исклучете го (ако е уклучен) и извадете ја батеријата доколку можете. Телефонот треба да се издува, но никако со фен, бидејќи топлината може да ги оштети контактите.

Извлечете ја влагата од влезовите и слотовите (микро SD, слушалиците) и ставете го телефонот во силикатни топчиња, кои имаат многу подобро дејство од оризот, за да ја извлече влагата од телефонот.

Ако имате можност, тлефонот може да го натопите во 96-процентен алкохол, кој би ја извлекол сета вода од телефонот, ова е добра напомена во случај телефонот да паднал во море, алкохолот нема да дозволи телефонот да оксидира. По некое време телефонот извадете го од алкохолот, а течноста самата ќе изветрее.

По темелното сушење, телефонот треба да пробате да го уклучите и да видите дали работи.

 
 

 

 

29.12.2017 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега