Заев „сам се поканил" за Нова Година во Грција

Премиерот Зоран Заев за новогодишните празници и за најлудата ноќ во годината ќе биде гостин на солунскиот градоначалник кој неодамна беше во посета на Скопје, Јанис Бутарис.

Иако Заев изјави дека ќе биде тоа приватна посета, а не државна, на покана на градоначалникот, тој има малку поинаква верзија. Јас не го поканив, всушност тој се самиот се покани, изјави за грчкиот весник „Вима“ градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

- „За време на мојата посета во Скопје во ноември се сретнавме, се запознав со него и тој ми кажа дека сака новогодишните празници да ги помине во Солун. Му реков да дојде, времето ќе биде добро и дека верувам дека ќе си помине убаво. Не претпоставив дека ова ќе се протолкува како формална покана. Сега дознав дека со околу 15-ина пријатели резервирале соби во хотелот ‘Македонија Палас’. Ако ми се јави, ќе дојдам да се сретнеме, ако не, нека ја помине Новата година со своите пријатели“, вели Бутарис за „Вима“, пренесе МКД.МК.

 

 

 

29.12.2017 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега