Пробајте го најздравиот појадок: За еден месец 5 килограми помалку

Една од најважните и најздравите навики е појадокот, кој во себе мора да содржи витамини и минерали.

Помага при елиминирање на нечистотиите од организмот и цревата, а и брзо ги согорува мастите.

После еден месец конзумирање на овој појадок ќе изгубите 3- 5 килограми, тенот на кожата ќ ви се подобри, косата и ноктите ќе ви бидат поздрави, а стомакот се топи.

- 300 мл кефир (или јогурт со ниска масленост)

- 2 супени лажици овесни снегулки

-1 кафена лажица мелено ленено семе

-1 кафена лажица какао во прав 

-5 до 7 суви сливи

Појадокот се припрема за наредниот ден. Прелијте ги сливите со 100 мл вода, поклопете и оставете да отстојат 10 минути.

За тоа време во чинија ставете ги овесните снегулки, лененото сем и какото, прелијте со кефирот.

Набрекнатите сливи ситно исецкајте ги  и додајте ги во смесата, измешајте и оставете во фрижидер преку ноќ, а наутро изедете го вкусниот појадок.

Првите неколку дена може да имате „интересно“ чувство во стомакот, но ќе помине.

 

 

 

29.12.2017 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега