Совршена напивка за смирување на стресот и нервозата

 

Цветот на липата има неверојатна моќ и наоѓа голема примена во лечењето по природен пат и во ублажувањето на некои тегоби, како што се стресот и нервозата.

На нервозните луѓе кои се склони кон стресот и луѓе кои тешко заспиваат, чај од липа се препорачува како секојдневна напивка. Тој припаѓа на билните чаеви за кои нема ограничување во консумирањето и можат да го пијат и децата. Чајот од липа е благ релаксант, посебно ефикасен против нервната напнатост.

Цветовите липа се жолто-бели, со благ и пријатен мирис, додека вкусот им е благ и помалку горчлив. Во цветот и листот има витамин „Ц“ во големи количини, поради што тукушто отворениот лист може да се користи како зеленчук.

За опуштење не мора само да се пие туку може и да се додаде и во водата за капење. Голем број на жени липата ја користат за време на менопаузата за да ја намалат нервозата и проблемите со спиењето.

Освен ова, еве за што уште е корисен чајот од липа:

– Го намалува крвниот притисок;
– Ја чисти крвта и бубрезите;
– Ги намалува болките при мокрење;
– Помага кај лицата кои имаат камења во бубрезите;
– Го спречува опаѓањето на косата;
– Спречува воспаление на белите дробови;
– Помага при настинки, грип и воспаление на дишните патишта.

 

 

 

 

28.12.2017 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега