Густа магла и смог го затворија аеродромот во Сараево
Густа магла и смог предизвикаа откажување на сите летови од и до аеродромот во босанскиот главен град Сараево, а отежнат е и патниот сообраќај.
Забраната за летови се одразила на компаниите Виз Ер, Адриа Ервејз, Ер Србија и други. Босанските медиуми јавуваат дека Сараево, како и Тузла, деновиве се меѓу најзагадените во Европа.
25.12.2017 - 22:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа