Конечно придвижување на истрагата: Форензичарите дошле до нови откритија

Ненад Шипка, директор на форензичкиот тим  од Нови Сад  кој го најми семејството на убиената пејачка, Крисмановиќ конечно го разреши најмистериозното убиство на Балканот.

 Тој според нејзината кожа  утврдил дека телото на Јелена било во водата повеќе од 3 часа а помалку од 3 дена.

Поради тоа тој нагласил дека Јелена е убиена ден претходно, односно ноќта помеѓу 1 и 2-ри април, а не како досега што се тврдеше на 2- ри април после пладне.

Местото на убиството сеуште треба да се утврдува, зошто не е убиена на насипот.

- Недостатокот на траги од крв  на местото на злосторството, на нејзината облека и на чорапите и патиките, ја исклучува можноста таа да е убиена на насипот - рекол Ненад.

Како што истаклал, голема е дилемата дали Јелена е убиена во вода и убиецот да побегнал мокар до гола кожа.

 

 

 

 

21.12.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега