Панчо Минов: Не ја напуштив коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот си ја врши работата

Пратеникот Панчо Минов кој доаѓа од ГРОМ и е дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ,  вчера се вклучи во работата на Собранието. Тој присуствуваше на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците каде се разгледуваат измени на закони за администрацијата и законот за амнестија. 

По влегувањето во Собранието, тој се огласи на социјалната мрежа Фејсбук за настанот.

- Пратеникот си ја врши работата за што е избран. Неговото место е во Парламентот. Присуството во Собрание не значи дека сум ја напуштил коалицијата „За подобра Македонија", напиша на Фејсбук пратеникот Панчо Минов. 

 

 

 

 

21.12.2017 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега