Груевски: ВМРО-ДПМНЕ постоела и ќе постои, се борела и ќе се бори за народот, на хунтата ќе и дојде крајот

Од име име и од името на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација-Демократска Партија за Македонско Национално Единство, од името на сите наши членови, поддржувачи од името на целиот македонски народ ги поддржувам луѓето неправедно притворени во овој затвор заради тоа што се патриоти, изразувале патриотски чувства, никого не повредиле, посочи Никола Груевски на вечерашниот протест кој ВМРО-ДПМНЕ го одржува пред Истражниот затвор во Шуто Оризари, а поради притворот на пратеници и уметници за настаните од 27 сприл во Собранието.

-Ова што ви се случува вам и се случува на Македонија и не е случајно. Преку вас и преку многу други чекори, очигледно е дека се сака да се скрши и ослабне ВМРО-ДПМНЕ, а преку тоа се сака да се ослабне и духот на Македонецот и патриотскиот дух на секој еден кој ја сака Македонија таква каква што е, со целото срце и душа. Веќе три години се прават удари со кои се сака да се скрши се што е национално, се што ја сака својата држава, се што патриотски размислува. Се што е подготвено да ги брани основните симболи на својата држава. Ставањето на вас, во притвор е ден од тие чекори. Нема да успеат, тоа го знаеме сите. Внатрешната Македонска Револуционерна Организација-Демократска Партија за Македонско Национално Единство била и ќе биде, постоела и ќе постои. Била силна и ќе остане силна, го крепела и се борела за народот во Република Македонија и ќе продолжи да го прави тоа во иднина, му се допаѓало тоа некому или не, истакна Груевски.

Тој рече дека народот е со притворените лица и тие ја имаат поддршката од огромен број.

-Народот и граѓаните гледаат што се случува, колку и да се исплашени и да им се закануваат, ова не може вечно да трае. Ќе дојде крајот на оваа хунта. Ќе се каат, ќе бегаат од нашите погледи. Македонија поминала низ многу тешки времиња и оваа хунта која се однесува насилнички ќе замине еден ден, нагласи Груевски.

 

 

 

20.12.2017 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега