ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледува барањето за одложување на Конгресот

ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледува барањето за одложување на Конгресот кое денеска преку отворено писмо го упатија 30 партиски членови.

„Тоа е внатрепартиско прашање и за него, партиските органи ќе одлучуваат. Кога ќеP имаме одлука, јавноста ќе биде информирана“ – велат од Центарот за Комуникации на ВМРО-ДПМНЕ за Press24.

Партијата за пред Конгресот има закажано состанок на Извршниот и Централниот комитет, па на овие состаноци се очекува да се разговара и за ова прашање.

30 партиски членови преку отворено писмо до јавноста побараа одложување на Конгресот за 2 месеци и зголемување на бројот на делегати од 544 на 5000. Тие обвинија дека се фаворизира еден кандидат и ја доведоа во прашање демократската атмосфера на Конгресот.

 

 

 

19.12.2017 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа