Попоски ги собрал потписите за кандидатурата за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Попоски ги собрал потребните потписи за да влезе во трката за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, брифираат делегати на Конгресот.
Според неофицијалните информации, потписи собрано има и Христијан Мицкоски и Филип Петровски. Се очекува до четврток потписите да ги соберат и останатите кандидати кои најавија учество во изборната трка.
За оваа информација нема официјална потврда. Ниту еден од потенцијалните кандидати не одговара на телефонските повици. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека до нивната правна комисија се уште не се пристигнати кандидатури.
Рокот истекува во четврток во 15 часот.
Конгресот е закажан за во петок и сабота во Валандово.

 

 

 

19.12.2017 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега