Доктор од Индијана им направил 8 деца на пациентки - се извлече и поради ова нема да оди во затвор

Доналд Клајн е 77 лекар за плодност од Индијана, кој својата сперма ја користел за да оплоди десетици пациентки без нивна согласност, но поради спогодба во затвор нема да помине ниту еден ден.

Тој е обвинет дека е татко на најмалку осум деца од различни жени кои биле неговите пациентки во 70-тите и 80-тите години од минатиот век. Но, се верува дека е можно да има повеќе 20 деца, јавува Дејли Њуз.

Клајн, кој денеска е во пензија, во четвртокот се појави во судница и признал дека лажел во истрагата. Не е обвинет за оплодување жени со својата затоа што за тоа не постои закон.

Сомнежите во поранешниот лекар за плодност почнале во 2015 година, кога кај едно од децата се откриени 8 ДНК сличности по што направил тест во генетичката болница „23AndMe“.

Го упатиле на Клиниката за плодност во која работел Клајн.

Бидејќи тогаш се употребувала „жива“ сперма, а не смрзнати примероци, се поставило прашањето кој во близина би можел да има толку деца.

Кога прв пат истражителите дошле, Клајн тврдел дека нема врска со тоа. Меѓутоа, ДНК доказите го докажале спротивното, па Клајн признал дека ја употребувал својата сперма и тоа секој пат кога донорот бил недостапен.

Обвинителите тврдат дека Клајн својата сперма ја употребил дури до 50 пати.

Клајн ја признал кривицата по две точки, па е осуден на една година затвор, но таа пресуда е суспендирана поради спогодба, што значи дека докторот нема да заврши во затвор. Не само што успеа да го избегне затворот, туку нема да биде ниту на условна робија.

 

 

 

16.12.2017 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега