Неколку начини како да го избегнете загадениот воздух и да се заштитите

Поради зголеменото присуство на загаденоста во воздухот еве неколку начини како да се заштитите од загадениот воздух и од штетното влијание на смогот врз вашето здравје.

1. Избегнувајте да излегувате на пладне

Нивото на загаденост во воздухот е најголемо во најпрометниот дел од денот. Затоа, планирајте ги вашите активности на утро или касно навечер.

2.Избегнувајте прометни улици

Избегнете одење или возење велосипед по прометните улици, каде нивото на загаденоста има тенденција да биде повисока

3. Вежбање

Ако вежбате надвор на загаден воздух и чуствувате стегање во градите, или ако вашите очи ви солзат, ве чешаат или поцрвенуваат, тогаш не се форсирајте. Така само ќе си наштетите

4. Планина

Искористете го слободниот викенд за да избегате од градот и одете некаде на планина или село каде ќе можете да ги наполните градите со чист воздух

5. Носете шал

Препорачливо е во магливи денови да се излегува надвор со шал, кој ќе го покрива лицето, вклучувајќи го и носот

6. Правилно дишете

Не заборавајте дека носот е природен филтер на организмот, дишењето низ него, а не преку устата е многу важно.

 

 

 

16.12.2017 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега